Во центарот на ураганот Ијан: Објавено ВИДЕО од разорното невреме на Флорида

1012

Ураганот Ииан, моќна бура од четврта категорија со ветрови само малку послаби од категоријата 5, пристигна до западниот брег на Флорида. Повеќе од 2,5 милиони луѓе бегаат пред налетот на разорното невреме. Властите предупредуваат дека „по сите индикации веројатно е еден од најлошите урагани што ја погодиле оваа област“.

Сателитските снимки објавени од Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) покажуваат молњи околу „окото“ на бурата. Ијан само што пристигна на југозападниот брег на Флорида.

Речиси милион луѓе на Флорида се без струја.

Жителите се повикани да се евакуираат доколку живеат во областа Џексонвил. Градоначалникот Лени Кари прогласи вонредна состојба.

Засолништата за итни случаи се отворени, додека училиштата и владините згради се затворени.

Поплавени се областите кај Ки Вест. Полицијата упати предупредување до граѓаните.

Ник Андервуд, ловец на урагани, кој со години лета низ бури, рече дека ураганот Ијан е најлош од сите оние во чије средиште летал.

Се очекува Ијан да погоди неколку милиони луѓе низ Флорида и југоисточните држави Џорџија и Јужна Каролина, а можеби како што пренесува АФП, ги зеде и првите жртви.

Синоптичарите предупредија на катастрофа што се случува еднаш во генерација. „Ова ќе биде бура за која ќе зборуваме со години“, рече директорот на Националната метеоролошка служба Кен Греам. „Тоа е историски настан“, додаде тој.