Во Хрватска уште четири земјотреси во текот на ноќта

61

Во текот на претходната ноќ, поширокото подрачје на Петриња беше погодено од најмалку четири нови земјотреси, а најсилниот од нив беше 3,8 степени, пишува Индекс.

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала се случил во 4 часот и 36 минути, во 5:30 часот имал земјотрес со јачина од 3,1 степен, а со иста јачина бил и оној што се случил во 6 часот и 25 минути.

Овие земјотреси се нешто послаби од земјотресот што ја потресе Хрватска вчера утро, со јачина од 4,8 степени.

Сеизмолозите предупредуваат дека слична ситуација се очекува во наредните денови, па дури и недели.

Вчера попладне беше објавено дека се почувствувани 66 земјотреси во последните 58 часа во централниот дел на Хрватска.

Дел од жителите од подрачјето погодено од земјотресот ја поминаа втората ноќ во автомобили.