Во Хрватска точниот датум за воведување на еврото ќе се знае следната година

51

Гувернерот на Хрватската национална банка Борис Вујчиќ изјави денеска дека точниот датум за воведување на еврото во државата ќе се знае дури следната година.

– Ако тоа биде 1 јануари 2023 имаме само уште 14 месеци, и на некои тоа може да им е многу, но за процесот тоа е релативно малку време, изјави Вујчиќ.

Тој додаде дека ќе биде донесен закон што прецизно ќе одреди како ќе се одвива преминот од куни кон евро и дека основен принцип ќе биде заштита на потрошувачите. Сето тоа според него ќе важи и за фирмите.

– Искуствата од сите држави кои досега влегоа во еврозоната покажуваат дека растот на платите бил поголем од растот на цените а животниот стандард на населението се зголемил и поради тоа засега поддршката во државите што досега го воведоа еврото е многу висока, додаде тој.