Во Хрватска се собираат потписи за референдум против ковид сертификатите

42

Во Хрватска денеска во организација на десничарската партија Мост почна соборање на потписи за референдум за укинување на ковид потврдите во државните и јавните институции.

За да се организира референдумот, во следните две недели, до 18 декември, потребно е да се соберат околу 370.000 потписи од граѓаните.

Доколку тоа се случи, граѓаните би решиле во рок од 30 дена да ги укинат ковид сертификатите за влез во јавните и државните институции, но и да ги префрлат надлежностите од Националниот штаб за цивилна заштита, кој носи епидемиолошки мерки, на Собранието.

Потписи се собираат на околу 1.200 места низ Хрватска.

Мост не е против мерките, но бараме тие да бидат конзистентни, епидемиолошки засновани и недискриминаторски, изјави пратеничка од Мост Марија Селак Распудиќ.

Според неа, алтернативи на ковид сертификатите би било тестирање на ранливите групи во сите институции и почитување на епидемиолошките мерки.