Во Хрватска, по вакцинацијата, намален бројот на заразени и починати од коронавирус во домовите за стари лица

39

Од почетокот на пандемијата во Хрватска починале 1.046 корисници на домови за стари лица или околу 10 отсто од вкупните смртни случаи, покажуваат најновите статистички податоци.

Според статистиката за домовите за стари и беспомошни, пред појавата на вакцината, 950 жители на домовите починале, а по појавата на вакцината – 96.

Голема разлика е забележлива и во бројот на заразени корисници на домовите. Пред вакцината биле заразени 6.005, а по вакцината 1.004.

Се напоменува дека резултатите ќе беа уште подобри доколку претходно беше одобрена засилувачката трета доза, имајќи предвид дека по шест месеци нивото на антитела значително опаѓа, особено кај постарите лица.