Во Хрватска индустриското производство бележи пад десетти месец по ред

50

Индустриското производство во Хрватска падна за 1,2 проценти на годишно ниво во август, продолжувајќи да тоне десетти месец по ред, иако нешто побавно од претходниот месец, јави Хина.

Државниот завод за статистика денеска соопшти дека хрватското индустриско производство забележа пад од 1,1 процент во август во однос на јули, кога падна за 1,6 проценти. Во споредба со август минатата година, хрватската индустрија падна за 1,2 проценти.

Пад на производството на годишно ниво е забележан во два од пет сектори, а најголем, 5,1 процент, во производството на нетрајни производи за широка потрошувачка. Производството на енергија опадна за 0,2 проценти.

Од друга страна, производството на капитални добра се зголеми за 4,5 проценти, проследено со раст од 0,8 проценти на производството на интермедијарни и производство на трајни производи за широка потрошувачка, што се зголеми за 0,5 проценти.

Во периодот јануари-август 2020 година, индустриското производство во Хрватска падна за 5,2 проценти во споредба со истиот период претходната година.