Министерството за здравство во Хрватска бара нови модели за да се продолжи вакцинацијата со поголема масовност. Министерот за здравство, Вили Берош, за хрватските медиуми откри дека размислуваат за награди, како добивање слободни денови за оние што ќе се имунизираат.

И додека во Министерството за здравство размислуваат за ваквите модели за стимулирање, во некои делови од Хрватска наградите веќе се воведени.

Во Крапинско-Загорската жупанија, вакцинираните ќе бидат наградени со влезница за бањските центри.

„Секако дека ќе се вакцинирам бидејќи работата тоа ми го наложува, но добра е и мотивацијата луѓето во летните месеци да одат да се избањаат во некој од овие центри – изјави за РТЛ, Марко Кантолиќ од Крапина, дополнувајќи дека тој со задоволство ќе прифати таква награда.