На хелсиншкиот аеродром се детектира вирусот корона со помош на кучиња

45

Во рамки на финскиот пилот-проект за рано откривање на вирусот корона кај луѓето, распоредени се кучиња на аеродромот во Хелсинки. Во текот на четири месеци ќе се истражува овој алтернативен метод, неговата исплатливост и верност.

Доброволното подложување на тест во кој учествува куче, а му одзема на патникот вкупно една минута, дава резултати за такаречи десетина секунди, наведува Ана Хејлм Бјоркман, членка на истражувачиот тим на Унивезитетот во Хелсинки кој го спроведува истражувањето, пренесува Вашингтон пост.

Слични истражувања се спроведуваат во САД и УАЕ, но Финците отидоа најдалеку и имаат најголем учинок.

Истражувачите во Дубаи во текот на летото почнаа да користат кучиња за анализа на примероци од пот земени од случајно избрани патници во авио-сообраќајот. Првите резултати покажуваат дека прецизноста на тестот е поголема од 90 отсто.

Промените во здравјето можат да влијаат на тоа како луѓето мирисаат, укажуваат истражувачите, а кучињата можат да намирисаат многу нешта-од скриени наркотици и бомби, па се до рак, инфекција и други здравствени проблеми.

Во првите месеци од годината, финските научници дојдоа до заклучок дека кучињата можат да откријат присуство на виросот корона кај луѓе.

Меѓутоа, самото истражување спроведено на огормен број примероци, како што е ова на аеродромот во Хелсинки, би можело да даде валидни заклучоци за точноста на тестот.

Исто како и во Дубаи, на аеродромот во Хелсинки се распоредени кучиња кои ќе надушкаат примероци од пот и нема да доаѓаат во допир со патниците.

Оние кои ќе се согласат на тестот, ќе дадат урнек од потта од вратот, објаснува Ана Хјелм Бјоркман.

Извор:www.finavia.ficom