Во Франција за еден ден регистрирани рекордни 30.000 нови случаи со Ковид-19

108

Во изминатите 24 часа во Франција потврдени се нови 30.621 инфицирани лица со Ковид-19, и 88 смртни случаи, јави дописникот на МИА.

Со новите бројки по спроведувањето на масовното тестирање стапката на позитивност сега изнесува 12,6 проценти.

Француското Министерство за здравство соопшти дека од вчера се хоспитализирани 1.207 лица. Идентификувани се 130 кластери во изминатите 24 часа со што сега има 1.586 кластери за кои се води истрага во Франција.

Од сабота во Париз, парискиот регион и осум други француски градови воведен е полициски час од 21 до шест часот и повторно е прогласена вонредна здравствена состојба.

Извор:МИА