Во февруари сервисирани 149 сијалични места во Гевгелија

54

Градот Гевгелија и населените места се добро покриени со мрежа на улично осветлување, која редовно се одржува и проширува, по барање на граѓаните кои изразуваат задоволство од ангажираноста на општината и фирмата задолжена за нејзино одржување.

– Во текот на изминатата година вложивме повеќе од половина милион денари за нови линии на уличното осветлување, но беше направено и кабелско поврзување на трафостаницата за напојување на новиот водоснабдителен систем за кое од буџетот беа издвоени уште 1,9 милиони денари, велат од општината.

Околу одржувањето на мрежата за улично осветлување, надлежните општински служби посочија дека таа редовно се сервисира и дека само изминатиов месец биле сервисирани 149 сијалични места во општината.
Уличното осветлување значително е подобрено и во селото Негорци каде што беше инсталиран кабел во должина од 519 метри што обезбедува услови за поставување на нови 26 сијалични места.