Во утрешниот број на весникот ” ВЕЧЕР” eксклузивно интервју со  проф. д-р Надежда Басара, светски онколог и хематолог, директор на интерната клиника „Малтезер Ст. Францискус” во Германија

291

На контото на д-р Басара се 2.200  реализирани трансплантации со матични ќелии, со  87% до 90% на излекуваност на пациентите. Басара вели „За мене не постои препрека во медицината  која не можам да ја совладам кога е во прашање човечкиот живот”. Таа за пациентите е и надеж и спас, затоа медицинските сестри од Балканот кои работат во Германија ја нарекуваат „икона на медицината”.  За изминативе 10 години со трансплатација на матични клетки се излекувани најмалку 40 пациенти од Македонија, од кои голем број се деца.

Меѓу пациентите кои ги лекувала, д-р Басара има и голем број  граѓани од регионот од Србија, Македонија, Црна Гора, а јавноста ја знае и по успешното лекување на тешко  оболениот од апластична анемија, Жељко Митровиќ, сопственикот на ПИНК телевизија, како и познатиот српски водител во РТСа, Дејан Деки Пантелиќ, кој исто така го излекувала од тумор на крајници…

Интервјуто со д-р професор Басара ќе можете да го прочитате во утрешниот број на весникот “ВЕЧЕР”…