Во употреба сензорна соба за децата со посебни образовни потреби во Старо Нагоричане

46

Пуштена е во употреба целосно опремена сензорна соба во општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во с. Драгоманце во Општината Старо Нагоричане.

Собата е пред сè наменета за децата со посебни образовни потреби кои се вклучени во редовната настава во самото училиште, која ќе може да се користи и од страна на децата со типичен развој при работа во групи.

– Во просторијата беа поставени нови прозорци, нов под, светла, разни игри и помагала, како и спортски реквизити. Оваа сензорна соба е изградена со финансиска помош од Британската амбасада (British Embassy Skopje), во рамки на проектот ‘Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран’, кој е поддржан од Европската Унија – објави Милутин Станчиќ, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците.

Фондацијата „Чекор по чекор“ повеќе од 20 години реализира проекти од областа на образованието и секогаш се обрнува особено внимание на ранливите категории.