Во умерени количини – кафето не е само уживање, туку е и благодет за организмот

204

За многу луѓе пиењето кафе е навика и ритуал, не само наутро за почеток на денот, туку и во  попладневните часови додека одмораат или уживаат во друштво.

Во умерени количини, кафето освен уживање носи и многу други благодети за организмот.

Бенифити во зрното кафе

„Црното кафе содржи полифеноли кои се антиоксиданси, односно ги штитат клетките од оштетување и му помагаат на телото да се исчисти од штетните биопродукти на метаболизмот – наведува нутриционистката Мелиса Прест.

Таа истакнува дека кафето содржи повеќе антиоксиданси од зелениот и од црниот чај и дека тие антиоксиданси помагаат во борбата против дебелината и штитат од бројни хронични болести.

Ја подобрува работата на цревата

Со неколку научни студии е докажано дека кафето го намалува ризикот од панкретитис, појава на камен во жолчката и од болести на жолчното кесе. Покрај тоа, кофеинот помага и во празнењето на цревата.

Подобра концентрација

Кафето содржи стимуланси кои делуваат на централниот нервен систем, ја подобруваат будноста и концентрацијата, истакнуваат нутриционистите.

Помал ризик од хронични болести

„Некои истражувања покажаа дека редовната консумација на кафе го намалува ризикот од дијабетис тип 2, Паркинсова болест и Алцхајмер“- вели нутриционистката Мелиса Прест.

Таа додава и дека повременото конзумирање на кафе исто така е поврзано со намален ризик од коронарни болести на срцето, посебно кај жените.

Помал ризик од болести на црниот дроб

„Кафето има бројни својства за заштита на црниот дроб. Умереното конзумирање кафе помага во борбата против алкохолна цироза на црниот дроб, неалкохолно замстување на црниот дроб, канцер како и хепатит Ц“ – тврди нутриционистката Елизабет Спенсер.

Таа појаснува дека параксантинот, кој во телото се произведува во текот на варњето на кофеинот, го успорува растот на ткивата кои доведуваат до цироза на црниот дроб и дека оние кои го конзумираат овој напиток имаат и до 84 отсто помал ризик за развој на цироза. Спенсер исто така укажува дека 1-2.

Го подобрува расположението

Кофеинот го поттикнува производството на допамин во мозокот, кој го подигнува расположението.

Стручњаците се согласни и дека оваа состојка во кафето го зголемува нивотио на енергија во нашето тело, ни помага да се разбудиме и да ги „наполниме батериите“ за денот што е пред нас.

Негативни влијанија:

Покрај позитивните придобивки, конзумирањето на кафе во поголеми количини може да предизвика и некои негативни ефекти.

Ако саката да пиете кафе во малку поголеми количини, треба да знаете дека тоа може да влијае на сонот, односно да ви го отежне заспивањето.

Конзумирањето на премногу кафе може да предизвика и појава на зголемена анксиозност и нервоза. Вносот на големи количини кофеин може да ја забрза работата на срцето, да го подигне крвниот притисок и нивото на хромонот на стрес. Сето тоа доведува до чувство на анксиозност, предупредуваат нутриционистите.