Во Украина награда од 100 долари за оние што ќе пријават соработници со Русија

149

Гувернерот на Николаевската област, во јужна Украина, која постојано е бомбардирана, предложи награда од 100 долари за оние кои ќе помогнат да се идентификуваат соработниците со Русите.

Предлогот доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна го отпушти шефот на специјалните служби и главниот обвинител, обвинувајќи ги за недоволни напори за борба против шпиони и соработници на Москва.

Гувернерот Виталиј Ким ги повика граѓаните да дадат информации за „оние кои на окупаторите им ја откриваат локацијата на украинските војници“ или им помагаат на Русите да лоцираат потенцијални цели за бомбардирање.

„По внимателна проверка и потврда на дадените информации, ќе добиете награда од 100 долари“, напиша Ким на Телеграм.

Гувернерот рече дека планира да го „затвори“ градот Николаев на неколку дена, со цел да ги „неутрализира предавниците и руските соработници“.

„Сакаме да ставиме крај на тоа. Размислуваме за мерки за полициски час. Имаме голема база на податоци. Ќе го затвориме градот на неколку дена, ќе одиме и ќе тропаме на вратите на лошите луѓе“, рече Ким.

Изјавата доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна го разреши шефот на специјалните служби и главниот обвинител, обвинувајќи ги за недоволни напори во борбата против шпиони и соработници на Москва. Италијанскиот весник „Република“ објави дека обидот за државен удар против Зеленски е позадината на „чистката“ што претседателот на Украина ненадејно ја изврши во врвот и структурите на безбедносниот апарат и обвинителството под обвинение за оддавање државни и воени тајни на руската страна.