Во турските напади на Курдите во Сирија загинаа 40 лица

50

Најмалку 40 луѓе загинаа во турските воздушни напади на нафтени полиња со кои управуваат Сириските демократски сили во кои повеќето се Курди, се наведува во соопштението на силите.

Како што наведуваат, во нападите се убиени 15 цивили и 25 војници, пренесув Ројтерс.

Сириските демократски сили (СДФ), кои ги поддржуваат САД, соопштија дека Турција извела воздушни напади на Курдите на сириска територија.

Турција во текот на викендот започна воздушни напади на база на сириските Курди во Ирак и Сирија.

Воздушните напади следеа откако на 13 ноември експлодира бомба во центарот на Истанбул, кога загинаа шест луѓе, а беа ранети 80.

Турските власти за нападот ја обвинија Работничката партија на Курдистан и нејзиниот сириски огранок Единицата за заштита на народот, додека курдските милитантни групи, ја негираа вмешаноста во нападот.

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, во текот на говорот до пратениците на својата партѕија, навести во вторникот можност за копнена офанзива против курдската народна милиција во Сирија по ескалацијата и взаемните удари и контра-удари низ сириската граница во последните денови, пренесе Ројтерс.

Ердоган рече дека Турција е поодлучна од кога било да ја обезбеди својата јужна граница.

Тој пренесе дека операциите на турските вооружени сили истовремено ќе го обезбедат територијалниот интегиртет и на Сирија и на Ирак, каде што исто така се во тек операции против курдските милиции.