Во Тузла уапсен пратеникот Енвер Биједиќ

69

Пратеникот во Застапничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина и претседател на социјалдемократите, Енвер Биједиќ утрово е уапсен во Тузла.

Тој е уапсен во акција на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА).

Припадници на СИПА вршат претреси на неколку локации во Тузла, Грачаница и Бановиќ, во рамките на предмет на Обвинителството на Тузла поврзан со склучување на сомнителни договори во тузланскиот Рудник за сол.