Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Токио за 24 часа изнесува 130, со што вкупниот број на инфицирани е повеќе од 1.000.

Ова досега е најголем дневен скок на потврдени случаи.

Властите во Токио ги повикаа граѓаните да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања.

Со зголемувањето на бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Токио, се почести се повиците до централната власт да воведе вонредна состојба.

Во Јапонија вкупно има повеќе од 3.000 заразени со 77 смртни случаи.

Извор: МИА