Во тетовскиот ковид – центар само еден хоспитализиран, три недели нема нови приеми

20

Само еден хоспитализиран поради Ковид-19 има во моментот во Клиничката болница во Тетово. Иако има по дваесетина прегледи дневно, веќе три недели нема нови пациенти кои се примаат на болничко лекување, информираат од ковид-центарот.

-Овие три недели имаше двајца хоспитализирани, а од оваа недела има само едно лице на болничко лекување. Бројот на прегледи се движи од 15 до 20 за 24 часа. Трета недела нема нови приеми, нема ниту ниту во изминатите 24 часа. За изминатото деноноќие прегледани биле 18 лица, информира д-р Миранда Пајазити од ковид центарот во тетовската клиничка болница.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, 196 лица се активно болни во тетовско. Од почетокот на пандемијата досега 10920 граѓани биле заразени со коронавирус додека починале вкупно 512.