Во тетовска гимназија пронајден пиштол

52

На 5.08.2022 во 10.20 часот во СВР Тетово, вработена во Гимназијата „7 Март“ во Тетово пријавила дека при чистење во кругот на училиштето бил пронајден пиштол „Eкол фират магнум“ калибар 9 мм со празна рамка во пиштолот.

Увид извршила екипа од СВР Тетово, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка. По целосно  документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.