Во Тетово шест нови смртни случаи од КОВИД

36

Шест пациенти починаа во КОВИД-центарот изминатите 24 часа, информираат денеска од Клиничка болница Тетово. Најмладиот пациент имал 55, а најстариот 85 години.

-Имаме нови 16 пациенти примени на болничко лекување, а 10 исписи. Вкупно се хоспитализирани 105 лица од кои 104 се на кислородна поддршка, изјави координаторот во КОВИД-центарот, Гзим Нуредини.

Во текот на 24-те часа до седум часот утринава имало 185 прегледи и контроли на луѓе со симптоми на коронавирус.