Во тек со светските мегаѕвезди: Борис Новковиќ балкански рекордер по бројот на бракови и разводи

171

Популарниот пејач Борис Новковиќ, инаку син на хит-мејкерот Ѓорѓе Новковиќ, држи (не)славен балкански рекорд по бројот на бракови и разводи. Тој се женеше дури четири пати и се вљубуваше повеќепати, но секогаш покрај себе имаше убави жени за сопруги и девојки за куси врски. Кога на Борис ќе му ги спомнете разводите или кога новинарите ќе го прашаат за бракот како институција, пејачот добива наплив на голема нервоза. Во состојба е и да ви се развика, да ве навреди, но лутината брзо му поминува.
Првата со која застана на лудиот камен е хрватската актерка Бојана Грегориќ Вејзовиќ. Се венчаа во 1992 година. Меѓутоа, по пет години љубов, тие спогодбено се разведоа. На оваа младешка љубов кум ѝ беше Иво Пуканиќ, мега познатиот хрватски новинар. Бојана тогаш беше професионална балерина во загрепското “Хрватско народно казалиште“ и имаше 20 години, а пет години повозрасниот Борис, веќе ја освојуваше публиката со неговиот голем хит „Куда иду изгубљене девојке“.
Втор пат на вечна љубов Новковиќ се заколна со новинарката Луција Матиќ. Со неа ги има синовите Ноа и Боно. Додека Луција била бремена со нивниот втор син, Борис се вљубува во сликарката Ива Вишошевиќ. Пејачот на Луција ѝ ја признал својата романса со друга жена и набргу се отселил од нивното семејно гнездо, станувајќи потстанар.
Борис, по третпат рипнува во тавче и тоа со Инес Катиќ. Тие тајно се венчале летото 2016 година во Новаља. Сепак, љубовта брзо им помина, а која всушност беше повеќе обоена со добар провод меѓу четири ѕида отколку со меѓусебно разбирање. Разделбата дојде по осум месеци нестабилна врска.
После Инес, пејачот во мај 2018 година беше во љубовна врска со балерината од театарот “Комедија“ Ана Ханиќ. Но и оваа врска брзо заврши, а Борис замина во својот свет на самотија. Но, само за многу кусо време.
За четврта сопруга ја одбира згодната Ирис Волф. Со неа добива син. По некое време и ќерка со несекојдневно име Си. Пријателите на Борис велат дека Новковиќ конечно се скрасил со Ирис, бидејќи му се преку главата брачните разводи и љубовни бродоломи. Ирис, дефинитивно, ги исполнува сите негови афинитети. (Д.М.)