Во тек се подготовки за самитот Бајден-Путин

21

Во тек се подготовките за „планираниот“ самит на американскиот и рускиот претседател Џо Бајден и Владимир Путин, а швајцарскиот дневен весник „Тагес-Анцајгер“ тврди дека Швајцарија ќе биде домаќин во јуни.

Американската мисија веќе пристигна во Женева, тврди швајцарскиот весник, повикувајќи се на „сигурни извори“.

На Твитер се појавија пораки во кои се вели дека слетувањето на необичен американски транспортен авион е забележано на аеродромот вчера.

Весникот додава дека времето и местото на состанокот меѓу Бајден и Путин не се познати, но  исто така наведува дека самитот најверојатно ќе се одржи во Женева во следните неколку недели.

Минатата недела рускиот весник Комерсант ја спомена Женева како најверојатна локација за самитот.