Во тек расправа во Конгресот за импичмент на Доналд Трамп

19

Претставничкиот дом на САД денеска ја продолжи расправата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, по вторпат за време на неговиот мандат.

Во текот на денов треба да се гласа за усвојување на член поврзан со отповикувањето, кој го обвинува Трамп за поттикнување бунт за време на говорот што му претходеше на упадот на демонстрантите во Конгресот.

Ако со просто мнозинство од 435 пратеници се одобрат обвиненијата, постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој го спроведува судењето. Според Уставот, потребни се две третини од сенаторите за да биде осуден и сменет претседателот. Но, просто мнозинство може да одлучи дека не може да се кандидира повторно. Демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом, па се очекува предлогот да помине.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес рано утрово усвои резолуција, со која се повикува потпретседателот на САД, Мајк Пенс, да почне постапка предвидена со 25-от амандман на американскиот Устав, за претседателот Доналд Трамп да биде симнат од функцијата.

Резолуцијата е усвоена со 223 гласа „за“ и 205 „против“.

Текстот резолуција за импичмент на шефот на државата беше доставен во понеделникот. Тој е обвинет за поттикнување бунт во врска со упадот на Капитол на негови приврзаници пред една недела. Доколку обвинението биде одобрено од мнозинство во Долниот дом, Трамп ќе биде првиот претседател на САД, обвинет двапати.

Извор:МИА