Во Сули ан: Концерт “Тoday it’s all about jazz” на ЗЏМ колектив

135

Во Сули ан во Скопје во рамките на Скопско лето вечерва ќе биде одржан концертот “Тoday it’s all about jazz” на ЗЏМ колектив.

Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон,  Сашко Николовски –  тромбон,  Зоран Костадиновски – гитара,  Гордан Спасовски – клавијатури,  Дарко Мучев – бас, Гоце Стевковски – тапани, премиерно ќе ги изведат новите, оргинални композиции.

“Концертот ќе претставува вистинско освежување на македонската џез сцена, поради квалитетот на композициите, како и на инструменталистите од највисок калибар кои ќе ги изведуваат. Како што е веќе познато на пошироката јавност, по многуте квалитетни концерти одржани во нашата држава и во странство во формација на биг бенд (ЗЏМ БИГ БЕНД) во изминативе години, ЗЏМ колективот на Скопско лето ќе настапи во комбиниран состав и на публиката ќе и приреди вистинско уживање“, велат организаторите.