Во Сули-ан: Концерт на „Бјонко и Балканбит бенд“ од Данска

153

На Факултетот за ликовни уметности – Сули-ан, вечерва (20 јули) со почеток во 21 часот концерт ќе одржи „ Бјонко и Баканбит бенд“ од Данска во соработка со „Локум фест“.

Членовите на бендот се Бјонко Стошиќ Петерсен – кларинет, Расим Дураковиќ – хармоника, Расмус Дамсгард Педерсен – бас, Расмус Волдне – гитара и Микел Вилингшој – тапани.

Бјонко Стошиќ е  роден и израснат во Копенхаген, Данска. Потекнува  од семејство на музичари од Битола. Ментор му беше македонската легенда на кларинет Чапче Наумовски, чиј балкански звук и свирење по фрази е типично за јужномакедонскиот регион. Тој има развиено и донесено диви и цврсти балкански ритми на кларинет и саксофон на скандинавската музичка сцена веќе две децении. Тој го претставува новиот стил во рамки на балканската музичка традиција и  ја доведува балканската музика во дијалог со современата  музика, водена од македонски импро стил; нов хибрид кој ја подига публиката на нозе.