Во студентскиот дом „Стив Наумов“ официјално се отвори обновената читална

270

Во студентскиот дом „Стив Наумов“ денеска официјално се отвори обновената читална, опремената библиотека и уредениот двор.

Акцијата што се одржа од 1-ви до 12-ти јуни годинава е во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“ спроведена од страна на Младински образовен форум (МОФ).

Целта е уредување на просторот на постоечката читална и дворот во студентскиот дом, а преку отворената донаторска акција, ќе се изврши и опремување на библиотеката во рамки на читалната.

Како што соопштија од МОФ, донаторската акција за книги и литература ќе биде отворена и по официјалното отворање на обновената читална, а сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да дадат свој придонес.

Со оваа акција започнува низата студентски акции во државните студентските домови. Студентските акции од проектот ќе се спроведат во државните студентски домови „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ во текот на месец јуни годинава.