Во страв од коронавирусот три месеци живеел на аеродром

90

Триесет и шестгодишниот Адитија Синг, е уапсен во сабота бидејќи три месеци живеел на обезбедуваната територија на меѓународниот аеродром во Чикаго. Тој на полицијата и рекол дека толку многу се плаши од коронавирусот, што не смее да се врати дома во Лос Анџелес.

Тој бил воочен од персоналот на аеродромот кога му била побарана лична карта, а тој покажал беџ кој бил пријавен за изгубен од страна на оперативниот менаџер уште во октомври.

Полицијата вели дека Синг пристигнал на Меѓународниот аеродром О’Хара на 19 октомври, пристигнувајќи на лет од Лос Анџелес.

Тој го пронашол беџот на аеродромот и бил „исплашен да оди дома поради Ковид“, вели помошникот државен правобранител Кетлин Хагерти.

„Chicago Tribune“ објави дека тој живеел од донации на патниците.

Тој сега е обвинет за кривично дело злоупотреба на ограничено подрачје на аеродром и прекршочна кражба.

Тој треба да плати кауцијата од 1.000 американски долари , изабранет му е влез на аеродромот.

Синг е магистер по угостителство, невработен е и живее со цимери во Лос Анџелес, според помошникот јавен обвинител Кортни Смолвуд.

Одделот за авијација во Чикаго, кој ги надгледува градските аеродроми, во изјава вели: „Додека овој инцидент е се уште под истрага, успеавме да утврдиме дека овој господин не претставува безбедносен ризик за аеродромот или за патувачката јавност“.

На суд ќе се појави на 27 јануари.