Во Стојаково пребројани 47 активни гнезда на штркови

88

Месната заедница од Стојаково во Богданци неодамна ги преброја активните гнезда на штркови, при што установи дека има 47 гнезда, 94 возрасни и 163 млади штркови.

– Штрковите населуваат еколошки чисти средини, што значи дека Стојаково максимално ги исполнува нивните услови за живеење. Селото Стојаково е рамничарско село и има две големи предности: прво, има доволно безбедни места за гнездење, речиси повеќето од гнездата се на далноводи, на кои често има платформи за штркови поставени од „ЕВН Македонија“, и второ, околните обработливи површини, близината на Вардар и влажните ливади околу локалитетот Ѓол и Ѓиренот нудат доволно храна за штрковите – информираат на својот фејсбук-профил од Месната заедница.

Во 2018 година во Стојаково се избројани 37 гнезда, со 74 возрасни и 134 млади штркови.