Во српското село Јабука ќе има улица со името на Тоше Проески

334

Нашиот, но и нивниот, односно балканската поп-ѕвезда, легендарниот поп-пејач од македонско Крушево Тоше Проески, наскоро ќе добие улица според неговото име и презиме, и тоа во српското село Јабука кое се наоѓа во близината на банатскиот град Панчево. Овој убав предлог улицата во селото Јабука да го носи името на починатиот македонски пејач е упатен до Градското собрание на Панчево.

Со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живеат најмногу Македонци доселени таму по Втората светска војна, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат и популарен и никогаш заборавен сонародник. Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево, кој и ден-денес има голем број на обожаватели и во самата Србија. И таму неговите песни доколку слушате било која српска радио-тв станица, постојано се вртат. Инаку, Проески почина пред 12 години во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска во која останале живи, со значителни повреди, возачот и менаџерката Љиља која потоа изјавила “дека жали што и неа не ја земал господ за да не се мачи“. Д.М.