Во Србија пристигнаа нови 500.000 дози вакцина на кинеската „Синофарм“, Вучиќ ги пречека на аеродром/ВИДЕО

79

Вечерва во Белград пристигнаа нови половина милион дози од вакцината на кинеската „Синофарм“, а на аеродром ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој и се заблагодари на Кина за оваа, но и за претходните пратки.

-Надвор од протоколот, вечерва дојдов на аеродромо „Никола Тесла“. Нашиот најголем авион, А330 донесе 500.000 вакцини од Синофарм. Дојдов за уште еднаш да ја изразам својата почит и благодарност кон претседателот Си Џипинг и кон кинескиот народ, рече Вучиќ во видеообраќањето од аеродромот.