Во Србија повторно над 100 новозаболени и висока бројка на вкупно починати од Ковид-19

82

Во Србија повторно се во пораст бројките на новозаразени со корона вирусот. Во изминатото деноноќие кај северниот сосед се регистирани 104 новозаболени од 8.397 тестирани примероци.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, изјави денес дека Комисијата за анализа на смртните случаи предизвикана од болеста Ковид-19 утврдила дека во Србија во 2020 година, 10.356 смртни случаи може да бидат поврзани со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.

„Она што сакам да го нагласам, ние во овој момент не можеме да излеземе со податоци дека некој починал од ковид. За да тврдите дека некој починал од корона, мора да направите обдукција. За сите овие луѓе, ние не направивме ниедна обдукција, од таа причина ја замолив Комисијата да го дојде до бројот на луѓе кои можат да се доведат во врска со коронавирусот. Тоа значи дека вклучивме луѓе кои не биле во болница, кои имале негативни ПЦР тестови или антигенски или кои сами се лекувале … Овие се исклучително важни работи“ -изјави Лончар.

Од наведената бројка, 65,6 отсто од оние кои починале имале и други болести.

„Тие болести беа крајно опасни и овие пациенти, дури и да немаа корона, се поставува прашањето колку долго и како би живееле“ -кажа Лончар.

Просечната возраст на починатите изнесува 72,2 години, кажа Лончар.

Тој додаде дека три четвртини од починатите биле над 65 години, а две третини од починатите биле мажи.