Во Собранието се отвори изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“/ФОТО

45

По повод Денот на сеќавањето на Гладоморот – 26 Ноември, денеска во Кристалната сала во Собранието, се отвори изложбата „Украина се сеќава, светот признава!”.

Фото: Ѕ.Плавевски

На отворањето на изложбата присуствува претседателот на Собранието Талат Џафери и украинската амбасадорка Лариса Дир.

Гладомор е термин со кој се означува масовниот глад во советска Украина во периодот 1932-1933 година, кој се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја, кога според различни оценки починале неколку милиони луѓе.