Во Словенија трет ден се намалува бројот на новозаразени лица со Ковид-19

1148

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Словенија, во земјата се рагистрирани 46 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова претставува уште едно намалување на бројот на нов заразените, бидејќи пред два дена беа пријавени 70 нови случаи, а вчера 52. Со денешните 46, во земјата сега има вкупно 730 заразени со новиот коронавирус, 101 се хоспитализирани од кои само 23 лица се на интензивна нега.

Од вчера до денес се регистрирани и два нови смртни случаи како последица од Ковид-19, со што вкупниот број на починати лица во Словенија сега изнесува 11.

Извор: МИА