Во Скопје 180 санкционирани возачи

21

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои 31 санкција за возење повеќе од дозволената брзина.

Од МВР денеска соопштија дека од вкупниот број, шест прекршоци се што ги чинат возачите на мотоцикли, 10 санкции за возачи почетници, 20 санкции за управување без возачка дозвола.

– Изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, девет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет за непрописно престигнување и обиколување, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 52 санкции за непрописно паркирање – се наведува во соопштението.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.