Во Скопје 163 санкционирани возачи, 72 за брзо возење

26

На територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни акциски контроли биле изречени вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас…, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.