Во Скопје пристигна нова група бегалци од Авганистан

    317

    На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигна нова група од 44 бегалци од Авганистан. Сите Авганистанци кои денеска пристигнаа се дел од меѓународната организација Тиркиз Моунтејн, а меѓу нив има и членови на нивните семејства, соопштија од владата.

    Тие привремено ќе бидат сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до крајната дестинација, а трошоците за нивниот престој во целост ќе бидат покриени од меѓународните организации.

    Откако слетаа, тие ќе добијат поддршка од Црвениот крст, ќе се направи безбедноста проверка, ќе се тестираат со ПЦР тест за ковид-19 и ќе добијат можност да се вакцинираат.

    Ова e втора група граѓани од Авганистан кои пристигнаа во земјава. Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие пристигнаа на 31 август и во најголем дел станува збор за Авганистанци што работеле во меѓународни организации и нивните семејства.

    Граѓаните на Авганистан имаат привремен престој од 90 дена во земјава, односно до обезбедување на трансфер до крајната дестинација.