Во Скопје вчера 121 казна за сообраќајни прекршоци

34

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при акциски контроли во областа на сообраќајот вчера во Скопје е евидентиран 121  сообраќаен прекршок.

Изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 за прекршоци од пешаците, три санкции за нерегистрирани возила, 38 за непрописно паркирање.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.