Во светот 19.000.000 заразени со коронавирус

37

Според податоците на страницата „Ворлдометерс“ во светот заразени се 19.000.000 луѓе со новиот корона вирус.

Од почетокот на епидемијата починаа повеќе од 711.000 пациенти.

Во моментот активни случаи заболени од ковид-19 се повеќе од шест милиони, од кои повеќе од 65.000 лица се во критична состојба.

Од Ковид-19 се опоравиле 12 милиони луѓе.

Најтешко е во САД, каде се заразени повеќе од четвртина од вкупниот број во светот со речиси 5 милиони позитивни случаи.

Бразил е втор со три милиони, додека во Индија бројот само што не стигнал до два милиони.