Првпат во историјата во светот има повеќе постари лица отколку мали деца, покажуваат податоците на Обединетите нации.

Бројките на ОН говорат дека на крајот од 2018 година, бројот на оние над 65-годишна возраст го надминал бројот на помлади од пет години.

Сега на планетата има околу 705 милиони луѓе на возраст над 65 години, додека оние на возраст до четири години се околу 680 милиони.

Тековните трендови укажуваат на раст на диспаритетот меѓу најстарите и најмладите до 2050 година – ќе има повеќе од две лица постари од 65 години на секое дете на возраст до четири години.

Овој се поголем јаз е показател на трендот, кој демографите го бараа со години: во повеќето земји живеат подолго, но не се прават доволно бебиња.

Кристофер Мари, директор на Институтот за мерење и проценка на здравјето при Универзитетот во Вашингтон, изјави дека „ќе има многу малку деца и многу луѓе над 65 години, а тоа во голема мера ќе го отежне одржувањето на глобалното општество”.

Овој академик исто така е автор на една студија во 2018 година, која укажува на тоа дека речиси половина од сите земји во светот се соочуваат со „крах на бебиња” – што значи дека нема доволно деца за да се одржи популацијата.