Во Салонот 19,19: Петто издание на „Креативни точки“

75

Во Салонот 19,19, на 14 ноември, со почеток во 19:19 часот ќе се одржи петтото издание на мултимедијалната манифестација „Креативни точки 2019“.

Предвиден е настап на млади, но веќе афирмирани автори, прозаисти, поети, актери и музичари. Организатори се Центарот за култура и културолошки студии и Културно информативниот центар на Град Скопје со учество на Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

На „Креативни точки 2019“ учествуваат: Петар Андоновски, Долорес Атанасова Лори, Ѓоко Здравески, Игор Крајчев, Владимир Лукаш, Биљана Стојановска, Снежана Стојчевска, Исток Улчар, Ана Голјешка Џикова, ГЖМХ „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ и студентите од ФДУ Скопје од класата на проф. Зоја Бузалковска.

Манифестацијата нуди можност, преку заедничка креативна работа творците да ги споделат искуствата и да предложат дела со високи уметнички вредности, кои едновремено засегаат во секојдневното живеење на младата генерација.