Во САД порасна продажбата на цигари, прв пат по 20 години!

47

Бројот на цигари продадени во САД минатата година пораснал прв пат во последните дваесет години, објави државната агенција.

Според истражувањата на Федералната комисиија за трговија (ФТЦ), производителите во тутунската индустрија во 2020 година продале 203.7 лилијарди цигари. Тоа претставува раста од 0.4 отсто во однос на една година претходно, објави амаериканскаат аганција денеска, не навлегувајќи во причините за зголемуавњето на продажбата, пренесува агенцијата ДПА.

Американскиот тутунски гигант Altria, производител на цигарите Марлборо, претходно го припиша овој раст на продажбата на пандемијата со коронавирусот.

Дополнителна причина е тоа што дел од пупачите се вратиле на конвенционалните производи поради построгата регулација на електронските цигари.

Воедно и тутунската индустрија во САД, почна со агресивно рекламирање на своите производи поради падот во побарувачката. ФТЦ забележува дека тутунската индустрија во 2020 година ги зголемила своиоте издатоци за рекламирање на 7.8 милијарди долари од претходните 7.6 милијарди.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во светот моментно пушат околу милијарда луѓе од кои 80 отсто живеат во змејите со низок или среден доход.

Цигарите се одговорни за смрт на осум милиони луѓе годишно, додаваат од СЗО во објавата.