Во САД од коронавирус умреа повеќе од 600.000 лица

34

Од почетокот на пандемијата во САД од коронавирус умреа повеќе од 600.000 лица, објави денеска Универзитетот Џон Хопкинс.

Универзитетот, што секојдневно известува за бројот на заразени и умрени од коронавирус, соопшти дека „мрачните податоци“ покажуваат дека неколку стотици Американци, и покрај вакцинацијата, продолжуваат да умираат од вирусот.

САД се земјата со најголем број смртни случаи од коронавирусот во светот, пред Бразил и Индија.