Во САД, во јули нововработени само 1,8 милиони, помалку од бројките за мај и јуни

49

Економијата на САД во јули создала 1,8 милиони работни места, што е назадување по мајските и јунските показатели и сведочи за тоа дека обновената пандемија го намалува темпото на вработувањата, но и на економскиот подем во целина, се дознава од денешниот извештај за состојбите со вработеноста на Министерството за труд.

Во многу делови на САД бројот на нови заболени повторно започна да расте, многу компании се наоѓаат под постојан притисок, а работодавците, најверојатно, не можат да најмуваат нови работници.

Во последните три месеци во САД беа пополнети 42 проценти од 22 милиони работни места кои беа изгубени за време на рецесијата предизвикана од пандемијата, се вели во извештајот на министерството.

Според министерството, нивото на невработеноста во јули се намалило од 11,1 до 10,2 проценти, иако тоа не го надминало највисокото ниво на невработеност за време на Големата рецесија во 2008-2009 година.

Извор:МИА