Дома МАКЕДОНИЈА Во сабота нова рунда преговори за Законот за ЈО

Во сабота нова рунда преговори за Законот за ЈО

79

Работните групи на власта и опозицијата викендов ги продолжуваат разговорите по Законот за јавно обвинителство откако минатата недела двете страни разменија предлози за идното законското решение.

Од владејачката и опозициската партија велат преговорите за Законот продолжуваат во очекување дека наскоро ќе се постигне договор и покрај разликите во позициите на двете страни, пренесува Канал 5.

На маса е последниот предлог на ВМРО ДПМНЕ, за којшто министерката за правда, Рената Дескоска во интервју за Канал 5 рече предлогот не е прифатлив, но е основа за решение. Власта смета дека предлогот од опозицијата не гарантира назначување на независен шеф на обвинителството за организиран криминал.