Како наближува до освојувањето на седмата шампионска титула, така светските медиуми сè почесто пишуваат за пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон.

Британецот ја користи својата голема популарност и влијание во последните неколку месеци за да промовира иницијативи за човекови права, особено за Афроамериканците.

Пред секоја трка, Британецот, со симболични гестови, обично клекнува или со пароли на својата маица, испраќа порака до светот за борбата на која се посвети, но неговите потези не се прифаќаат насекаде. На пример, први што не се за таков вид демонстрација се неколку негови колеги, иако тие во принцип го поддржуваат. Ним им пречи клекнување, на што се спротивставува и поранешниот руски пилот во Формула 1, Виталиј Петров. Тој вели дека во Русија се „клекнува само пред Бога и пред олтарот“.

  • Со овој потег (клекнување) тој само сака да привлече внимание во борбата против расизмот. Во Русија постои поинаков менталитет. Немаме ништо против борбата предводена од Хамилтон, но тогаш мора да има почит кон сите луѓе. Во Русија луѓето клекнуваат само во два случаи: во црквата пред Бога и на свадба. Ова е ситуација на која мора да се гледа од многу поширока перспектива. За разлика од другите сфери на животот, во Формула Хамилтон може да влијае на многумина… Мислам дека има толку многу луѓе кои немаат поим каква порака пренесува Хамилтон на својата маица, истакна Петров, па на крај додаде: „Што ако возач излезе во јавноста и рече дека е хомосексуалец? Мислам дека ФИА тогаш ќе забрани некому да излегува и да поддржува хомосексуалец како што Хамилтон ја поддржува борбата против расизмот“.