Во Русија се вратија 55 војници по размената на заробениците со Украина

33

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 55 војници се вратиле во Русија по големата размена на затвореници со Украина.

– Сите војници пристигнаа на територијата на Русија со воени авиони и се наоѓаат во медицинските установи на министерството, се наведува во соопштението, но не се споменува дека меѓу разменетите затвореници е и поранешниот украински пратеник Виктор Медведчук, кој е близок до руските власти.

Украина ноќеска објави размена на 215 воени заробеници со Русија, вклучително и лидерите на одбраната во челичарницата Азовстал во Мариупол, симбол на отпорот на руската инвазија.