Во Русија рекорден број смртни случаи од последици од Ковид-19

31

Во Русија во изминатите 24 часа од последици од Ковид-19 починаа 799 луѓе, што е најголем број на смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Бројот на заразени во изминатото деноноќие се зголеми за 25.704.

Од почетокот на пандемијата во Русија инфицирани се 5.907.999 луѓе, а починаа 146.868.

Во Москва за еден ден регистрирани се 5.382 новозаразени луѓе.