Во Романија над 12.000 нови ковид случаи, најмногу од почетокот на пандемијата

149

Романија денеска регистрираше 12.032 новозаразени со коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата.

Последниот месец, бројот на заразени лица во Романија се зголеми од 1.000 случаи дневно на рекордни повеќе од 12.000 денеска. Вкупно 1.364 пациенти со Ковид-19 се на интензивна нега, што речиси ги наполни капацитетите во земјата.

Романија ја има втората најниска стапка на вакцинација во Европската унија, само 34 проценти од возрасните се целосно вакцинирани.

Според податоците објавени од здравствените власти од 20 до 26 септември речиси 75 проценти од новозаразените и 92 проценти од починатите не биле вакцинирани.

Романија, со 19 милиони жители, од почетокот на пандемијата регистрира повеќе од 1,2 милиони заразени, а починаа 37.041 луѓе.