Во регонот на Харков за еден месец ексхумирани телата на 534 цивили

27

Заменик началникот на украинската полиција во регионот Харков денеска изјави дека на териториите ослободени од руската окупација во последниот месец, од 7 септември досега, се ексхумирани телата на 534 цивили, меѓу кои и на 19 деца.

-Меѓу нив има тела на 226 жени и 260 мажи и останки на 29 лица чиј пол се уште не е утврден, рече тој.

„Во оваа бројка се вклучени и телата кои беа ексхумирани од масовната гробница во близина на Изум“, додаде тој.

Кога репортерката на Би-би-си, Орла Герин, ја посетила масовната гробница во близина на Изум во средината на септември, регионалниот обвинител во Харков и рекол дека некои од телата покажуваат знаци на тортура, додека останатите се останки на луѓе убиени во руски воздушни и артилериски напади.