Во рамки на економскиот дијалог на ЕУ дискусија за подготовката на програмата за економски реформи 2020-2022

130
Министерството за финансии, во рамки на економскиот дијалог на ЕУ со земјите од Западен Балкан и Турција организира конференција со цел да се дискутира подготовката на „Програмата за економски реформи 2020-2022“.

На конференцијата обраќања ќе имаат Драган Тевдовски, министер за финансии, Валтер Дефа, советник на Владата на Република Северна Македонија,  Андреас Пападопулос, советник за економско управување, Европска Комисија, Саша Јазбец, државен секретар во Министерстото за финансии, Р. Словенија, Јана Репаншек, директор на Центар за извонредност во финансии, Љубљана.

На вториот дел, панел дискусија на тема: „Заеднички заклучоци од Економско – финансискиот дијалог за Програмата за економски реформи“ ќе учествуваат министерот Тевдовски, Анита Ангеловска – Бежоска, гувернер на Народната Банка, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Арбер Адеми, министер за образование и наука, Ѓонул Бајрактар, заменик – министер за труд и социјална политика и Фатон Сељами, заменик – министер за правда.